Вкупно 80.000 шишиња од категоријата висококвалитетни вина „Вранец спешл селекшн“, берба 2011, ќе извезе винарската визба „Тиквеш“ во Данска. Ова е договорено минатата недела, а првите количества се веќе испорачани во 48 специјализирани продавници на увозникот „Хансен“, како и низ рестораните во Данска. Со најновата извозна зделка се потврдува стратегијата и определбата на „Тиквеш“ за што поагресивен настап и промоција на извозот. Пласманот во Данска инаку е прв позначаен пробив на македонското вино на скандинавските пазари. Успехот е значаен со оглед на фактот дека тиквешки „вранец“ од серијата „Спешл селекшн“ увозникот го прогласи за вино на годината и е позициониран во винските листи заедно со некои од најпознатите француски, италијански, португалски, австралиски и американски вина.
Вкупно 80.000 шишиња од категоријата висококвалитетни вина „Вранец спешл селекшн“, берба 2011, ќе извезе винарската визба „Тиквеш“ во Данска. Ова е договорено минатата недела, а првите количества се веќе испорачани во 48 специјализирани продавници на увозникот „Хансен“, како и низ рестораните во Данска.
- Со најновата извозна зделка се потврдува стратегијата и определбата на „Тиквеш“ за што поагресивен настап и промоција на извозот, истакна генералниот директор Игор Илиевски на средба со новинарите.
Пласманот во Данска инаку е прв позначаен пробив на македонското вино на скандинавските пазари. Успехот е значаен со оглед на фактот дека тиквешки „вранец“ од серијата „Спешл селекшн“ увозникот го прогласи за вино на годината и е позициониран во винските листи заедно со некои од најпознатите француски, италијански, португалски, австралиски и американски вина. Се очекува виново да биде добро прифатено и преку него да се изврши проширување на пласманот на овие пазари, како и можност за пробив и на други македонски вина.
Според Илиевски, и покрај сите предизвици 2012 беше успешна година за „Тиквеш“ особено за извозот кој бележи зголемување од 30 отсто, а и предвидувањата за наредната 2013 се оптимистички.
- И покрај сите најави од еврозоната, преку регионот до Македонија дека 2013 ќе биде исклучително тешка, ние сме убедени во спротивното, дека можеме да бидеме умерени.